Најдобриот кошаркар на светот, Никола Јокиќ го привлече вниманието со моделот „Брабус“ направен по нарачка за време на неговиот одмор во Србија ова лето по освојувањето на титулата во НБА.
Но, тоа не е круната на неговата импресивна колекција скапи луксузни автомобили. Таа титула му припаѓа на „Rolls-Royce Phantom II“.
„Миленичето“ на Јокиќ чини 800.000 евра. Има неверојатни 563 коњи и практично тивок V-12 мотор. Забрзува до 100 километри на час за 5,1 секунда.
Јокиќ има на располагање електрично прилагодливи седишта за масажа со ладење, екрани на кои може да игра игри, да сурфа на интернет или да гледа филмови. Јокиќ е познат љубител на портокаловите и жолтите бои, па и внатрешноста на овој автомобил, како и Брабусот, е во тие бои.