More

    Србинот и Словенецот заедно дојдоа на натпревар, а поздравот на крај е хит на интернет

    spot_img

    НБА ѕвездите Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се добри пријатели и често се заедно дури и кога се ривали на терен. Србинот и Словенецот забележани се како доаѓаат заедно на синоќешниот натпревар во Арената во Денвер во кој домашниот тим славеше победа против Далас со 130-104, а во центарот на вниманието секако, беа Јокиќ и Дончиќ.

    И тоа не само за време, туку и пред почетокот на натпреварот, бидејќи заедно пристигнаа во салата.

     

    Тие се видени како се смеат и разговараат, а одамна е познато дека двајцата кошаркари се дружат и надвор од теренот и дека често се посетуваат кога имаат можност да го направат тоа поради обврските во НБА.

    На самиот терен Јокиќ имаше ограничена минутажа, поради одлуката на Мајкл Мелоун да не ја одигра целата последна четвртина, па оттука и неговиот скромен учинок од само осум поени.

    Од друга страна, Дончиќ одигра стандардно добра партија во тимот на Далас, беше најдобар играч на натпреварот со 38 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз.

    По завршувањето на мечот, Јокиќ и Дончиќ срдечно се поздравија, а Никола сакаше да му ја врачи топката на Лука – кој беше најдобар играч на натпреварот.

    Сепак, словенечкиот кошаркар не го прифати тоа бидејќи неговиот тим загуби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img