„Рено“ со српски таблици околу 2 часот и 45 минути денеска излетало од автопатот Градско-Велес при што возачот Г.Ј(41) од Србија и малолетниот сопатник останале живи со телесни повреди, а сопатничката С.П.(36) исто така од Србија починала.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. Повредените лежат во Општата болница Велес.
фото: pixabay.com