More

    Србин се обидел да ја убие поранешната девојка, ја прободел во вратот и избегал

    spot_img

    45-годишен Србин е уапсен во германскиот град Дрезден под сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид. Како што соопшти германското јавно обвинителство, обвинетиот се товари дека во неделата на 7 јануари околу 04:30 часот во Дрезден Нојштад со нож ја нападнал неговата поранешна девојка и се обидел да ја убие.

    Жената, Германка на 36-годишна возраст, била прободена со нож во вратот и со тешки повреди е пренесена на лекување во болница, а осомничениот по нападот побегнал. Но, благодарение на очевидците набрзо бил идентификуван и полицијата го пронашла и го уапсила.

    Според информациите од обвинителството, Србинот и Германката имале кратка љубовна врска, но пред извесно време двојката раскинала, а според извори на истрагата, жртвата не го очекувала нападот.

    „Сè се случило наеднаш. Се утврдува кој бил мотивот за бруталниот обид за убиство. По барање на јавен обвинител, надлежен истражен судија по осомничениот распишал налог за апсење. По неговото приведување му е одредена мерка притвор“ – потврдуваат извори од полицијата за германските медиуми.

    Како што додаваат, уапсениот српски државјанин и претходно неколку пати бил осудуван.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img