Телото на Србин (44) било пронајдено во саботата на 10 август во стан на грчкиот остров Крф, каде што неодамна заминал на одмор. Како што се дознава, иако првично за тоа постоело сомневање, не се работи за насилна смрт, туку мажот починал откако проголтал пет пакетчиња дрога, а се претпоставува дека се работи за кокаин, пренесува српски Мондо.
„Србинот бил на одмор на Крф, изнајмил стан на 7 август. Сепак, бил пронајден мртов во една од собите. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а по истрагата телото е испратено на обдукција за да се утврди причината за смртта, со оглед дека на телото немало видливи траги на насилство“, пишуваат грчките медиуми.
По обдукцијата се покажало дека мажот не починал од природна смрт, туку проголтал пет пакетчиња прашкаста материја, бела по боја, тешка 83 грама, за која се претпоставува дека е кокаин .
Вештакот наведува и дека кај Србинот биле пронајдени траги од други психоактивни супстанци.
„Пластичните пакувања не биле целосно затворени кога мажот ги проголтал, што предизвикало отекување на органите, а исто така и појава на течност во белите дробови, по што настапила смрт“, пишуваат грчките медиуми, по што се додава дека случајот бил преземен од Обвинителството за наркотици.