Србин „на живот“ си подигнал споменик со точен датум на смртта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

88-годишен Србин од село во близина на Свилањац, стана популарен во српските медиуми поради неговиот надгробен споменик на кој на живот си го врежал датумот на смртта.

Добривоје Антонијевиќ (88) од свилајнското село Роќевац во Србија останал да живее сам. Сам се грижи за домаќинството, одгледува животни, сам го одржува дворот, сам обработува 4 хектари земја…

Добривоје е уреден и вреден домаќин кој сака сѐ да планира. Тој дури и самиот го испланирал својот крај, па во 2019 година си поставил надгробна плоча со прецизен датум на неговата смрт. Добривоје предвидел дека ќе живее точно 95 години и ќе се упокои на својот роденден, а дотогаш вредно со го одржува сопствениот гроб.

Share This Article