Србин на возраст од 54 години вчера се удавил на плажата во Платамона во Грција. Од морето бил извлечен без свест и засега не се познати причините за смртта. Телото е пренесено во Солун на обдукција, пишуваат грчките медиуми.
„Се претпоставува дека мажот доживеал срцев удар додека се уште бил во вода. Се се случило некаде околу 18 часот, а спасувачите веднаш се обиделе да му помогнат, го реанимирале, но веќе било доцна“, пишуваат локалните медиуми.
Човекот со возило на брза помош бил пренесен во најблиската болница, но таму лекарите констатирале смрт.