Србин (40) е осомничен дека со нож ја избодел до смрт седумгодишната ќерка на својата партнерка во Улм, Германија. Според германските медиуми, тој бил сместен во психијатриска установа.
Се вели дека 40-годишникот во понеделникот ја избодел со нож седумгодишната ќерка на својата партнерка.
Осомничениот до сега молчел и не дал никакви изјави, соопшти јавното обвинителство и полицијата преку заедничко соопштение за медиумите, пренесуваат германските медиуми.
Во понеделникот на Велигден околу 17 часот и 20 минути, 40-годишникот сам се јавил на итната помош и признал дека ја убил својата поќерка, соопшти германската полиција.
На гореспоменатото место на злосторството, во реонот на училишниот центар во областа Виблинген, итните служби пронашле мртво дете. Човекот исто така бил таму. Осомничениот потоа бил уапсен и спроведен во психијатриска болница.
Форензичарите потоа го затвориле местото на настанот за да најдат докази. Надлежниот судија на Окружниот суд на осомничениот му изрекол мерка притвор.