More

    Србија  уште еднаш го одложи рокот за примена на европското правило за ниво на афлатоксин во млекото од 0,05 милиграми на килограм

    spot_img

    Србија  уште еднаш го одложи рокот за примена на европското правило за ниво на афлатоксин во млекото од 0,05 милиграми на килограм. Новиот рок е 1 декември 2024 година.

    Според тоа во Србија дозволено ниво на афлатоксин во млекото ќе остане на 0,25 микрограми на килограм.

    Претходниот рок за примена на европското правила за дозволена максимална  количина на афлатоксин од 0,05 милиграми на килограм млеко ( не литар) беше  1 декември годинава, но српската влада се премисли и го одложи рокот.

    Српските медиуми пишуваат дека владата не дала образложение за одлуката, но тие како една од причините за оваа одлука наведуваат дека е  тоа што земјоделците имаа проблем со појавата на афлатоксин во пченката во сушната 2022 година.

    При претходното одложување надлежните рекле дека при носењето на одлуката за задржување на пропишаното ниво на афлатоксин во сила биле земени предвид резултатите од бројните домашни и европски тестови. Тие забележаа дека стандардот од 0,050 микрограми по килограм не е универзален, а се проценува дека две третини од светската популација ја користи референтната граница од 0,50 (меѓу другите, САД, Кина, Јапонија, Индија…). Дури и во самата ЕУ има различни граници кога станува збор за нивото на афлатоксин во свежото млеко и во сирењето.

    Ова, секако е проблем за увозниците на млеко од Србија, меѓу кои е и земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img