Србија уапси соработници на Кавачкиот клан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Извршен е претрес на 50 локации и уапсени се 17 членови на криминалната група „Врачарци” кои соработувале со кавачкиот клан, соопштија белградските медиуми.

Според информациите на медиумите, тие се уапсени за убиства, обид за убиства, киднапирање, а работеле како дел од група на кавачкиот клан. Сѐ уште се трага по одредени лица.

Уапсените лица се товарат за три убиства и пет тешки убиства во обид. Постапувале по наредба на кавачкиот клан, а дел од членовите на „Врачарци” претходниот период биле уапсени во странство.

Групата Врачарци ја предводат Никола Вушовиќ, попознат како Џони од Врачар, Урош Пиперски и Марио Ѓорѓевиќ.

Пребарани се над 50 локации и одземени се повеќе парчиња оружје, шифрирани телефони и друго.

Акцијата за апсење ја води министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Според белградските медиуми, станува збор за заедничка акција на МВР, БИА и Обвинителството за организира н криминал и се чекаат повеќе информации.

Кавачкиот клан го предводи Радоје Звицер за кој постојат сомневања дека меѓу другото, го организирал атентатот врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

Share This Article