Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го откажа своето учество на три предизборни митинзи за денеска, откако најави дека во својот кабинет на итен состанок ќе ги прими претставниците на Србите од Косово.
– Нашата земја е во многу тешка ситуација. Ќе видиме што ќе се случи на состанокот на Србите од Косово – изјавил близок соработник на Вучиќ за српските медиуми.
Официјално не е објавена причината за откажувањето на предизборните митинзи, а во текот на денот во Србија се одржа седница на Советот за национална безбедност.