Србија оди на вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Србија оди на вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември, пишува  Вечерње новости повикувајќи се на нивни сознанија.
Како што наведуваат, сѐ уште е неизвесно дали ќе се спојат со локалните избори во Блеград, а за тоа во наредните денови ќе одлучува врвот на најсилната политичка партија во државата – Српската напредна странка (СНС).

Весникот потсетува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, деновиве разговарале со партиски колеги од Војводина и дека било прецизирано дека се ближи гласањето и дека партијата треба да се подготви за кампања.

Српската опозиција ја блокираше вонредната седница на Собранието и го истакна барањето за одржување на вонредни парламентарни избори.

-Ќе бараме парламентарни избори, но и избори во Белград. Со успех на парламентарните избори можеме да ги исполниме барањата на протестот“, изјави претседателот на Демократската партија, Зоран Лутовац.

Пратеникот Радомир Лазовиќ го повтори барањето за вонредни избори.

-Го молам претседателот Александар Вучиќ веднаш и итно да се изјасни дали ќе ги распише Белград и парламентарните избори до крајот на годината – рече Лазовиќ.

Share This Article