Србија на земјава ќе и обезбеди гас а за тоа ќе добие струја произведена во централата Те-То која ќе го користи тој гас. Разговорите со Србија уште траат, а за кои количини на гас станува збор дополнително ќе се информира, изјави на денешната прес-конференција во владатасоветникот за енергетика на владата Виктор Андонов.
-Се разговара за набавка на количини на гас за централата Те-То кој ќе се користи и за производство на топлинска енергија. Србија од Те-То ќе купува струја, а остатокот од струјата од оваа централа ќе се нуди на домашните компании. Зачи ние ќе ог плаќаме гасот на србија, а таа ќе ја плаќа струјата која ќе ја извезува Те-То – рече Андонов.
Тој негираше дека земјава се обидува да го заобиколи „Гаспром“ при набавката на гас бидејќи неговата цена моментлано е висока.
-Ние не го избегнуваме некого во преговорите за набавка на гас, туку наша цел е да ги обезбедиме количините гас кои ќе бидат најевтини- рече Андонов.
Андонов не кажа за кои количини на гас се преговара, но рече дека Те-То дневно троши, 30 милиони нормални метри месечно , а топланите трошат по 25 односно, 24 нормални метри гас и 1 милион нормални метри топланата Скопје Север. Значи за шест месеци ќе бидат потребни 230 милиони норммални кубни метри гас. Цената на гасот ќе се утврди според барањата на компаниите за цената на струјата од 200 евра за мегаватчас.
Андонов рече дека веројаноста да се потпише договорот со Србија е голема.
Гасот ќе се увезува од Србија преку Бугарија.
Андонов рече дека за спроведување на планот на владата за обезбедуване дополнителни количини на енергенси според барањата на компаниите
– Но за континуриано снабдување со гас разговаравме и со Туркије, за јаглен со Грција и за струја со Бугарија. Кога ќе бидат финализирани договорите ќе се објават цените и количините- рече Андонов.
Владиниот советник рече дека е сигурен дека ќе има решение за гасот, пред почетокот на грејната сезона, но ако нема договор за гасот топланите ќе работат на мазут, кој исто така, не е обезбеден.
– Владата нема да дозволи одредени приватни компании да го искориста мммоемнтот и да притискаат за решавање на некој проблем. Треба да се реализира законска постапка за купување на топланите. затоа е можно тие да бидат земени под закон. ако нема договор до грејната сезона има решение. Владата има право да ги стави сите ресурси во фукција во кризна состојба – рече Андонов.
Андонов рече дека владата ќе го разгледа и планот на опозицискиот лидер Христијан мицкоски за решавање на енергетската криза.
-Не знаеме што содржи, бидејќи уште не го имаме добиено, но ќе го разгледаме – рече Андонов.