Србија ќе испрати сателти во Вселената

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот сателит „Мозаик“ што Србија се подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за „Политика“ научниот соработник на српската Астрономска опсерваторија во Белград, Милан Стојановиќ.

Планот е „Мозаик“ да биде лансиран кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и да се задржи во орбитата две до три години.

Тој додаде дека на тој начин ќе се добијат снимки од Србија и подобро ќе се совлада таа технологија.

Според него, споредната цел на мисијата е учење и совладување на сите техники – од набавка на компоненти до самото лансирање на сателити во вселената, за подоцна да се работи на изградба и испраќање поголеми летала.

„Мозаик“ спаѓа во класата мали сателити познати како „CubeSat“, со димензии 10х10х10 сантиметри, што колоквијално се нарекуваат коцка или наносателити.

– Спектрометарот за проучување на Сонцето ќе го купиме готов, но некои делови ќе ги направиме во Србија. Потоа треба да го собереме сето тоа и да потврдиме дека е подготвено за температурите во вселената. Мора да ги поминеме сите можни тестови пропишани според светските стандарди и дури потоа ќе можеме да го лансираме сателитот, со помош на некои од земјите кои ги обезбедуваат тие услуги – рече Стојановиќ.

Астрономската опсерваторија, Машинскиот, Математичкиот и Електротехничкиот факултет од Белград, како и Институтот „Михајло Пупин“ заедно работат на проектот што е започнат пред околу две години.

Share This Article