Релативно топлото утро кое го имавме во Скопје, Охрид, Битола и повеќето македонски градови не е случај со регионот. Додека Македонија имаше утро со температури и над 10 степени и проекции дека денеска ќе имаме меѓу 14 и 20 степени, поголем дел од Хрватска беше завиен со снежна покривка. Некои патишта во земјата биле со отежнат сообраќај, јавува хрватскиот државен хидрометеоролошки завод.
Жолта тревога е прогласена во Загреб, Сплит, Дубровник, Осијек, Карловац и во централна и јужна Далмација. Во Ријека и во северна Далмација вклучен е црвениот аларм поради силното невреме.
Вее снег и во соседна Србија, но во умерена количина. Српскиот републички завод извести за снежни врнежи во Белград, Ваљево, Лозница, Сремска Митровица, Нови Сад, Сомбор и Палиќ. Во овие градови температурата се движи околу нула степени.
За разлика од северните српски градови, во Ниш утринава е изненадувачки топло со 15 степени.