Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Генералштабот на српските вооружени сили покренал иницијатива до претседателот на Србија, како врховен командант, а потоа преку поширока дискусија до Народното собрание, да ја укине одлуката за суспензија на задолжителен воен рок, односно повторно активирање на законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок.
Вучевиќ за телевизијата Хепи изјави дека Министерството предлага воениот рок да не трае подолго од четири месеци.
Тој рече дека оваа иницијатива се покренува врз основа на оценката за безбедноста во државата.
„По 13 години треба да го пополниме резервниот тим. Вооружените сили ги напуштивме 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја заштитат земјата. Ги разбираме безбедносните ризици. Ова не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок“, објасни Вучевиќ.
Зборувајќи за Армијата, тој рече дека е многу важно што со одлука на Владата и претседателот на државата од 1 јануари платите се повисоки за 10 отсто, а Армијата 2023 година ја заврши многу посилно во однос на воената опрема и нивото на обука на нејзините луѓе.