Србија стана првата земја во регионот која ќе ја следи вакцинацијата против ХПВ и во секое време ќе го знае бројот на вакцинирани деца по пол, возраст и број на дози, пишува денеска дневниот весник Данас.
Податоците ќе бидат анонимни на порталот на Министерството за здравство, а ќе се ажурираат неделно.
Имунизацијата се спроведува кај девојчиња и момчиња од девет до 19 години.
Според досегашните податоци, училишниот педијатар во Белград вакцинира по едно дете неделно со ХПВ вакцината.