More

    Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови

    spot_img

    За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење, информираше Царина.

    „Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти ‘Луи Витон’, ‘Армани’, ‘Гучи’ и часовници ‘Ролекс’. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост. На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фришоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари. Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни 7.000 долари коишто македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и 7.000 долари, согласно закон, му се вратени 2.000 евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img