Руското Министерство за одбрана соопшти дека во раните утрински часови во вторник бил спречен уште еден напад со дрон на „терористичкиот режим во Киев“ врз Москва.
„Руската противвоздушна одбрана ги собори сите беспилотни летала, освен едно кое удри во 21-ви кат на облакодер во Москва Сити, комплекс од деловни згради“ – стои во известувањето.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потврди дека бил погоден истиот облакодер како и пред неколку дена, но дека нема повредени и дека е причинета само материјална штета.
Украинските сили со беспилотни бродови ноќеска извршиле напад и на руската Црноморска флота.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека патролни бродови на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни бродови во близина на Севастопол, најголемиот град на Крим и најважното пристаниште на Црното Море, пренесува руската државна новинска агенција ТААС.
„Украинските вооружени сили синоќа извршија неуспешен обид за напад со три беспилотни на патролните бродови на Црноморската флота кои ги надгледуваа бродските рути во југозападниот дел на Црното Море, на 340 километри југозападно од Севастопол“ – се вели во соопштението.
Според Министерството, нападот бил одбиен и сите три чамци без екипаж биле уништени од стандардното оружје на руските пловни објекти. Тие најавија дека двата руски брода ќе продолжат со својата мисија.