Цариниците на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ спречија патник да прошверцува повеќе од 1.000 томпус и 50 кутии кубански цигари во вредност од 39.000 долари, соопшти српската Царинска управа.
Прво, во средата, во куферот на тој 38-годишен патник од Париз, цариниците пронајдоа 362 томпус и 800 цигари филтер од кубански марки, вредни повеќе од 12.000 долари.
Во соопштението се вели дека тој денеска дошол да преземе три куфери кои пристигнале подоцна, во кои биле пронајдени уште 686 томпус и 140 кубански цигари, чија вредност се проценува на повеќе од 26.000 долари.