Соединетите Американски Држави би можеле да прибегнат и кон директно учество во војната во Украина доколку Украинците почнат сериозно да губат, но добрата вест е што Владимир Путин е спремен да се повлече во таква ситуација. Ова на една пресконференција на невладина организација во Вашингтон го објасни познатиот истражувачки новинар Сејмур Херш.
Во вторникот пак, во интервју за кинеската телевизија Си-Џи-Ти-Ен тој изјави дека највисоките американски функционери би направиле глупости исто како Виетнамската војна само поради омразата кон Путин.
– Сите имаат висока интелегенција. Но, работата, мислам, е што тие толку се водени од омразата кон сите работи, особено кон Путин, а исто така и комунизмот сам по себе. Тие се толку ладнокрвни воини, што навистина не се во форма. Тоа ги тера да прават глупави работи – рече Херш, инаку добитник на Пулицерова награда.
За можноста за директен судир меѓу САД и Русија ако Украина губи, тој во Вашингтон на настанот на невладината „Комитет за Републиката“ изјави:
– Ми рекоа дека играта ќе биде: ова е НАТО, ние го поддржуваме НАТО во офанзивните операции против Русите, што нема да го измами светот… Ние се бориме против Русија – нагласи Херш, без да ги открие своите извори.
Според Херш, „големата работа“ или „добрата вест“ е што рускиот претседател Владимир Путин е сепак подготвен да се договори со украинската влада.
– Договорот е да се демилитаризираме и за нас (за САД одењето во војна) ќе биде забрането – рече новинарот, додавајќи дека рускиот лидер „сè уште не ја ставил во погон својата главна сила“ во конфликтот.
Херш е познат соработник на неколку американски медиуми, меѓу кои Aсошиејтед Прес, Њујорк Тајмс и Њујоркер. Пулицерот го добил за сторија поврзана со Виетнамската војна, за масакрот Мој Лаи од страна на американските војници.
Во февруари годинава тој објави детално истражување за експлозиите на гасоводите Северен Тек 1 и 2 на својот личен блог. Во истражувањето тој тврдеше дека нуркачи од САД стојат зад саботажата на цевката, заедно со логистичка помош од Норвешка во координирана вежба на НАТО.