На денешната расправа за случајот „Трезор“ јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело, согласно измените на Кривичниот законик за еден од обвинетите, додека одбраната побара тоа да се примени и за останатите обвинети, информира Кривичниот суд.
„Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која Јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ.
Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на пари од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.