More

    Според досегашните сознанија Коста К. има просечна интелигенција

    spot_img

    Напаѓачот Коста Кецмановиќ кој со два пиштоли, претходен план и прецизност на професионалец уби девет соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар имал само просечна интелигенција.

    Според извори на српски „Блиц“сѐ што досега се знае за Коста К. сугерира дека тој бил интелектуално просечен.

    – Воопшто не е генијалец, како што е наведено. Можно е поради тоа да му пречеле другите во одделот, затоа што морал, на пример, да вложи повеќе труд за да го постигне успехот на една од неговите жртви, или да ги задоволи неговите родители кои според сѐшто знаеме барале од него беспрекорен успех. Може да се каже дека го воспитале спартански – вели изворот за „Блиц“.

    Како што објавија медиумите, родителите на момчето убиец биле многу горди на својот „мал генијалец“, како што го нарекувале, бидејќи покрај обврските во елитното училиште, посетувал дури тринаесет воннаставни активности.

    Тој зборува странски јазици, одел во актерска школа, музичко училиште, спортувал, победувал на градски натпревари, бил ученик на генерацијата.

    Дали толку притисокот од хиперамбициозните родители оставил трагични последици врз психата на момчето убиец? Фактот што тој не се кае за стореното, односно нема развиено суперего за да ги разликува своите постапки, нешто што се формира во првите пет години од животот, според извор за „Блиц“ е знак дека тој може да го повтори делото или некое слично злосторство.

    – Никој не може да го исклучи тој огромен ризик – вели соговорникот на Блиц запознаен со случајот.

    Момчето-убиец е во изолација на клиниката. Затоа е тешко да биде споредуван со други деца. Изворот вели дека праксата во вакви случаи е да се спроведе цела анализа на структурата на централниот нервен систем со помош на скенер.

    Сепак, се претпоставува дека Коста К. нема вродени физички аномалии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img