More

    СПОРЕД АРСОВСКА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ Е БЕЗБЕДЕН

    spot_img

    Мостот „Беласица“ е безбеден, според вештачењето, но за да се пушти во целост треба санација во долниот дел. ЕСМ ја презеде обврската за санација во долниот дел и откако тоа ќе заврши, тогаш ќе треба да се почне со поставување на цевките за топлинска енергија кои што се извадени после пожарот што во мај го зафати мостот – изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

    Таа додаде дека мостот има минорни оштетувања, кои не ја афектираат стабилноста и безбедноста, меѓутоа тој мора да се санира првенствено од штетата која што е предизвикана од горењето.

    – Таа санација не ја прави ниту Градот Скопје, ниту трето лице, ја прави оној којшто треба да ја изврши монтажата на тој потег. Откако ЕСМ ќе заврши со иницијалната санација, ќе отпочне со монтирање на цевководот. И едното и другото се нивна обврска. Во ова Градот Скопје нема никаков импут, никаква обврска, ниту пак некакво влијание, а не е надлежен во одреден рок да им наложи да ги монтираат работите кои се во интерес на тоа да се отпочне грејната сезона на време – изјави Арсовска на денешната прес-конференција.

    Градоначалничката најави постапки против лица кои, како што рече, ширеле лаги и невистини за безбедноста на мостот „Беласица“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img