Спикерот се однесува противуставно

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќе од половина Македонија е потпишана на оваа интерпелација, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната седница на која се дискутира за интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери.

Лефков порача дека непринципиелното и противуставното однесување на Џафери е резултат на заштита на криминалот на владата.

– Наместо да разговараме за тоа каде не донесе оваа влада да е неподносливо живеењето во државата Талат Џафери лично со своето непринципиелно, противуставно, противзаконско работење се поставува како жив штит и собранието го фрла како топовско место, како жртва во заштита на владата која има само и само криминални побуди – изјави тој.

Лефков додаде дека покрај пораз на економски и национален план, државата се соочува и со праз на демократијата внатре во собранието, како и дека Џафери наместо да ги штити процедурите и со тоа демократијата, тој ги крши.

– Како претседател на собранието вие треба да ја претставувате законодавната власт, треба да бидете чувар на процедурите. Преку чување на процедурите се зачувува и се задржува демократијата – вели Лефков.

Тој ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да престанат да бидат само апарат за гласање, и ги побара од нив да ја поддржат оваа интерпелација се со цел конечно да започнат да работат во интерес на граѓаните.

Share This Article