More

    Специјалисти со години чекаат статус, а Меџити тера огласи за административен кадар

    spot_img

    До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат информации од повеќе установи дека готови специјалисти не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на Јавните здравствени установи, велат оттаму, додавајќи дека една од тие установи е ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка каде иако има недостаток на повеќе специјалисти, но и неколку кои чекаат неколку години за да го добијат статус како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен.

    „Станува збор за 4 специјалисти кои чекаат на добивање на соодветно место по завршување на специјализација/супцпецијализација меѓу кои и специјалисти кои чекаат повеќе години. Сите четворица се упатени од ЈЗУ Здравствен дом со државна специјалзиција до денес немаат работни задачи по специјалноста, а и институцијата нема ништо направено за регистрирање на дејност. Ваквата негрижа е причина за демотивација на кадарот, а дел од овие специјалисти веќе ја напуштаат институцијата поради тоа што долго време чекаат на добивање на соодветно место. Ниту недостигот од повеќе специјалности поради пензионирање на повеќе специјалисти и тоа интерна медицина, дерматовенерологија, офталмологија не е доволна причина Министерството за здравство и надлежните менаџери да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар. Последниот конкурс за упатување на специјализација откако беше распишан конкурс и избрани кандидари за упатување на специјалзиација по офталмологија и интерна медицина беше прекинат од страна на управен одбор од досега нејасна причина. ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка за една година ќе остане да функционира со општ хирург, невролог, гастроентерохепатолог и специјалист по физикална медицина. Токму недостигот од специјалисти е причина за затворање оддели во установите низ државата, но Меџити со прст не се помрдна да го реши проблемот со кадровите прашања освен што јавно се жали од Министерството за финансии, сепак не се заложил ни за решавање на проблемите од негова надлежност. Но, Меџити нема проблем да тера огласи за административен кадар, додека болниците се на колена заради недостиг на специјалистички кадар“, потенцираат од Комисијата.

    Пред два дена министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за ветувањето дека ќе бидат вработени сите што се на определено работно време, а на некои од нив им завршуваат и договорите на дело.

    – Ќе упатам критики кон Министерството за финансии. Шест, седум месеци договарам заедно со министерот за финансии (Фатмир Бесими). Премиерот тогаш нè назначи мене, министерот за финансии и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Направивме групи, работевме на тоа, јас навистина макотрпно работев и не знам зошто не се случува ова. И утре како член на Влада, како министер за здравство ќе го покренам многу динамично и бескомпромисно ова прашање, што ќе се случи со тие што се на определено веќе од оваа влада, некаде четири, пет години или шест години договорци на дело – рече министерот Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img