Со гордост го споделуваме успехот на нашиот истакнат колега, спец. д-р Огнен Шешоски, кој изминатиот петок успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема:
„Евалуација на соодносот на вредностите на екстерното фиксационо време (ЕФТ) при третман на отворени фрактури и псевдоартрози на потколеницата со методот на компресивна остеосинтеза по Илизаров“.
Методот според Илизаров, развиен од рускиот хирург Гавриил Илизаров во средината на 20-тиот век, претставува револуција во третманот на сложени фрактури и деформитети на коските. Овој метод, познат по својата ефикасност и уникатност, овозможува забрзано заздравување и минимални компликации, со што остави длабок печат во историјата на ортопедската хирургија и продолжува да се применува во нашата болница и во светски рамки.
Овој иновативен пристап во ортопедијата отвора нови можности за успешен третман на комплексни повреди и нарушувања на потколеницата, што претставува значаен придонес во областа на медицината.
Честитки до д-р Огнен Шешоски за новата титула Доктор на медицински науки! Неговиот труд, посветеност и трпение се дел од особините кои се инспирација за целиот медицински персонал во секојдневната работа и во стремежот кон подобрување на здравствената грижа за нашите пациенти.
ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид