Спектакуларната „Јагода месечина“ синоќа беше најблиску до Земјата
Дел од планетата Земја во вторникот вечерта беше осветлена од супермесечина, позната како „Месечина од јагоди“.
Се појавува кога Месечината ќе ја достигне најблиската точка во орбитата околу Земјата и е именувана по сезоната на јагоди со која се совпаѓа.
Оваа супермесечина, втора во 2022 година, е посебно „небесно задоволство“ за љубителите на фотографијата и астрономијата, бидејќи изгледа поголема и посветла.