Спасувачите во Турција успеаја да извлечат од урнатините маж на 74-годишна возраст, речиси десет дена по разорниот земјотрес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Спасувачите во Турција успеаја да извлечат од урнатините маж на 74-годишна возраст, речиси десет дена по разорниот земјотрес, јавија турски медиуми.

Ќамил Кекец денеска беше извлечен од уништената зграда каде што бил заробен од 6 февруари кога удри првиот разорен земјотрес во Турција и во СиријаТој под урнатините, без храна и вода, и во студ поминал точно 227 часа. Човекот итно е пренесен во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Претходно неговата сонародничка Фатма Гунгор (77) беше извлечена откако помина 212 часа под урнатините. Неколку часа подоцна спасувачите ја пронајдоа и ја спасија 42-годишната Мелике Имамоглу.

Според последните пресметки повеќе од 41.000 луѓе загинаа во серијата земјотреси што ги погодија Турција и СиријаСе смета дека голем број починати се уште се наоѓаат под урнатините.

Share This Article