More

    Спасувачите стигнаа до паднатиот Холанѓанец, тој со хеликоптер е пренесен во Скопје

    spot_img

    Центарот за управување со креизи (ЦУК) соопшти дека холандскиот параглајдерист е имобилизиран од спасувачките екипи и веќе со хеликоптер се транспортира за Скопје по што ќе го преземе медицински тим.

    Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.

    – Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист. Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата, а со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим – информира ЦУК.

    Од министерството за внатрешни работи за Плусинфо информираат дека денеска во 17.50 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасители од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, заедно со граничната полиција од РЦ Запад успешно ја завршија спасувачката акција на планината Галичица, откако во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

    – Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар во 17.00 часот со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го фиксира и го презеде повредениот холандски државјанин Л.Г.Ј.(35), кој претходно беше имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Црвен крст Охрид и во 17.15 со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени, која е дел од Одделот за воздухопловни операции на МВР, стартуваше со транспорт кон Скопје. Во 17.50 часот тимот од МВР со повредениот слета на хелиодромот во Комплекс клиники и во координација со лекарите од клиниките, лицето во придружба на животоспасител од САЕ Тигар, на негово барање, во 18.10 часот е префрлено во приватна медицинска установа за укажување на лекарска помош – соопштија од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img