Уште две лица беа спасени денеска од урнатините на петкатна зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 107 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Туркије.
Во нивното спасување учествувал и спасувачки тим од Босна и Херцеговина, јави Анадолија.
Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. Спасувачите слушнале гласови под урнатините на зградата за време на денешната спасувачка операција.
Откако утрово извлекле шестмина преживеани, спасувачите добиле информација дека под урнатините останале уште двајца членови на семејството и веднаш ги интензивирале напорите за да ги спасат луѓето. По огромни напори успеале да ги извлечат од урнатините.
Во акцијата за спасување учествуваа припадници на спасувачката служба Горска од Сараево. Вкупно 20 од нив предводени од Фахрудин Добрача пред два дена отпатуваа во Туркије за да им помогнат на турските граѓани погодени од земјотресот.
Спасените лица поради повредите со кои се здобиле во земјотресот се пренесени во болница.