More

    Спасувачите и денеска го бараат Мартин на Халкидики

    spot_img

    Иако редовно предвидениот рок за потрага и спасување измина, сепак потрагата на Халкидики по исчезнатото момче од Македонија продолжува и денеска, со еден патролен чамец на Крајбрежната служба на Грција и со учество на спасувачки тимови и волонтери, јави дописничката на МИА од Атина.

    Според информациите на Агенцијата, пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена, меѓутоа како што вчера соопштија од нашето Министерство за надворешни работи, овој рок е продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дендиас.

    „За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот, соопштија од МНР и додадоа дека шефот на дипломатијата упатил благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, кои се вклучени во потрагата.

    Разговорот бил по формалното упатување нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата.

    Спасувачката акција започна во саботата попладне и трае веќе четврти ден, додека пак вчера, според грчките медиуми, во потрагата бил вклучен и подводен дрон, но без резултат.

    На Халкидики е и мајката на исчезнатиот М.Ј., а потрагата ја следи и генералниот конзул во Солун.

    Двајцата спасени македонски државјани веќе се дома, 25-годишниот Васил завчера беше отпуштен од болницата на Халкидики, додека пак 30-годишниот Иван вчера ја напушти солунската болница.

    Спасувачката акција и потрагата започнаа во саботата во попладневните часови, кога тројцата државјани на Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

    Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започна и акцијата.

    Еден од тројцата пријатели, беше спасен во саботата по поминати околу два часа во вода, додека пак во неделата, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img