More

    Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: Растуривме криминални групи создавани 30 години, никој не е посилен од државата – тоа не било и нема да се случи

    spot_img

    Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, одговарајќи на прашањето за истрагите во врска со пресметките помеѓу криминалните банди во Старата скопска чаршија, во Косово и во Грција, министерот Спасовски ја потрди решеноста на ова раководство на МВР да се справи со криминиалните структури коишто се создавани и градени во изминатите 30 години, без разлика кои се и од каде доаѓаат.

    „Ова е првпат да се води сериозна битка против криминални структури. И во таа наша намера, никој со ништо и за никаква цел не може да нѐ запре заради тоа што сметаме дека безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет. Инаку, што се однесува до конкретни настани јас можам да зборувам за настани кои што се случиле на територијата на државата и немаме и не можеме да разговараме за убиства во Грција и во Косово. Тоа е работа на истражните органи на тие земји и тие треба да ги дадат одговорите за овие инциденти кои се случиле“, потенцираше министерот Спасовски.

    За случајот што се води во Скопје, Спасовски образложи дека има напредок во истрагата и се работи интензивно.

    „Јас сметам дека можеме да дојдеме многу брзо до целосно расчистување на овој случај. Меѓутоа поважно е дека најголемиот дел од криминалните структури во т.н. групи кои што делувале и биле градени, а во изминатите 30 години најмногу поддржани во времето на режимот, веќе се изнесени пред лицето на правдата и издржуваат казни за тоа што го што го прават. Да напоменам дека само последниот месец имаме апсење на тројца членови на криминална група, коишто претходно беа во бегство или беа недостапни за органите на прогонот. Така да, мојата јасна порака е дека ќе направиме сѐ за да се штити интересот на граѓаните, безбедноста, јавниот ред и мир, ќе направиме сѐ без поговор секој еден што се занимава со криминал да одговара, сите тие криминални групи да бидат растурени, да се конфискува сето она што го имаат постигнато на нелегален начин и уште еднаш упатам јасна порака никој да не мисли дека може да биде посилен од државата. Тоа не било и нема да се случи.“, беше дециден министерот Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img