Спасовски за БРИФ: Со Отворен кабинет граѓаните ја препознаа подготвеноста нивните размислувања да бидат слушнати, јакне доверба помеѓу полицијата и заедницата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот Спасовски во интервју за порталот БРИФ беше запрашан за новиот проект на МВР кој се реализира веќе два месеца, со одржани средби со граѓаните во Штип, Тетово, Струга, Битола, Кавадарци, Центарот за обука Идризово, Кампот за обука Лазарополе.

„Во текот на изминатите проекти со кои го развиваме утврдениот концепт МВР за граѓаните јас и мојот тим ја увидовме потребата на заедницата да биде поблиску не само до полицискиот службеник од нивното маало, туку своите идеи, прашања и проблеми да може да ги презентира и пред раководството, да даде сопствен придонес во безбедноста, да посочи некоја критична точка за да се најде соодветно решение во интерес на сите”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека идејата беше лично и непосредно да ги слушне предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат, да се слушне мислењето на секој еден граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец,

Спасовски изрази задоволство што граѓаните ја препознаваат подготвеноста да бидат слушнати нивните размислувања и проблеми, па таа доверба помеѓу полицијата и заедницата и уште повеќе се зацврстува.

„Разговараме за безбедноста во сообраќајот, ги слушаме пофалбите за повидливото присуство на полицијата низ градовите, очигледни се контролите на сообраќајната полиција, намалувањето на нарушувањата на јавен ред и мир, на тешките кражби, на разбојништвата, ги слушаме предлозите во делот на управните работи, во делот на издавањето на одобренија – сето тоа создава перцепција кај граѓаните дека е многу подобрена безбедносната состојба, а тоа ни е заедничката цел. Со овие посети ќе продолжиме и во иднина, опфаќајќи различни места, давајќи можност на секој еден која сака да придонесе, да биде слушнато и земено предвид и неговото мислење”, истакна Спасовски.

Share This Article