More

    Спасовски за Алсат: Не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните

    spot_img
    Во гостувањето во вестите на Алсат телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за неодамнешната акција на МВР со Јавното обвителство за гонење на организиран криминал и корупција по која беа поднесени 15 кривични пријави за физички и три за правни лица, потенцираше уште еднаш дека оваа обемна и специфична истрага е насочена кон остварување на целта на Министерството за внатрешни работи – за неселективна борба против криминалот и корупцијата.


    „Се работи за три кривични дела
     – злосторничко здружување, даночно затајаување и перење пари и други приноси од кривични дела. Ова било сторено од организирана група која ги злоупотребува инструментите и преку фиктивно фактурирање од една на друга фирма фиктивно побарувале данок на додадена вредност кој го враќа државата. Штетата на буџетот е околу 837.000 евра, пари на граѓаните и голема беше мотивираноста на полициските службеници заедно со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се реализира и расчисти со овој случај. Со тоа упатуваме јасна порака дека без разлика дали се вработени во институции, бизнисмени, било кој – не може да си поигруваат со државата и граѓаните.  Во ниту еден момент, не може да има поединец којшто е посилен од државата, законот и граѓаните“, потенцираше уште еднаш министерот Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img