Спасовски вели дека е тешко да се обезбедат докази за дојавите за бомби

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе една кривична пријава за дојавите за бомби во училиштата. Направени се проверки во училиштата, остана уште едно, каде проверките се при крај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање по поднесената кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата.

– Не станува збор за тоа дека има експлозивна направа, но истата таа вознемиреност што ја споделувавме за Скопје секако дека е и за таму – вели Спасовски, откако и денеска имаше дојави за бомби во училишта во Кавадарци.

Тој појасни дека според првичните сознанија станува збор за домен регистриран во Соединетите Американски Држави, и како што вели, тоа покажува за сериозноста во однос на хибридните напади.

– Кажав дека е тешко да се обезбедат сите докази, бидејќи ова претставува национален криминал. По добивање на какви било информации веднаш е стапено во контакт со надлежни служби со цел да се обезбедат докази и да може да се прекине овој процес – додаде тој.

Претходно во соопштение од МВР информираа дека пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во период од 26 октомври до 2 ноември годинава на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 4 ноември од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

„Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14:09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина“, информираат од МВР.

На 7 ноември во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал делото и го појасни начинот на негово извршување.

Share This Article