Пронајдени се два пиштола во текот на истрагата, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на синоќешната прес-конференција, но додаде и дека сé уште не се проверени дали станува збор за оружјата со кои се извршени убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
На прашањето дали се направени парафински ракавици на осомничените, рече дека сите истражни дејствија кои треба да се преземат ќе се направат и за сите има рок кога ќе се направат.
Исто така, објави и дека е пронајден мобилниот телефон на младата Вања.
Тој соопшти дека по распишаната меѓународна потерница во Турција уапсен е осомничениот за убиствата Љупчо Палевски Палчо.