Спасовски на средба со СВР Штип: 70% ефикасност во расчистување на кривичните дела, намалување на криминалитетот за 14% 

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Денеска (12.12.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР го посетија СВР Штип, каде што остварија средба со раководствата на оваа организациона единица, како и  на Регионалниот центар за гранични работи Исток, а со цел да се сумираат резултатите од сработеното, да се види  напредокот, но и да се утврдат предвидувањата и приоритетите за идната година.
„Параметрите за вкупниот криминал на подрачјето на СВР Штип се во корелација со оние на национално рамниште, при што евидентираното намалување на криминалитетот тука изнесува 14%, и придонесува кон генералното намалување на ниво на држава. Намалување има и кај вкупниот број на кривични дела од познат сторител за 7%, а од непознат сторител намалувањето е 19%, со постигната ефикасност во расчистувањето од 45%, која бележи пораст од лани, додека вкупната ефикасност на расчистени кривични дела изнесува високи 70%. Радува податокот што класичниот криминал бележи намалување од 16% според бројот на евидентирани кривични дела, а постигнатата ефикасност во расчистувањето е 41%”, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој ги сподели резултатите коишто ги има постигнато СВР Штип, потенцирајќи дека се најдобрите во изминатите 30 години.
„Во делот на тешките кражби, кои се еден од приоритетите на СВР Штип, во извештајниот период евидентирано е намалување од 17% на пријавените тешки кражби, додека кај делата од областа на економски криминал намалувањето е за 22%. Кај деликтите од недозволена трговија, откривачката дејност е зголемена за 32% со откриени 123 кривични дела, при што кај оние од областа на оружје регистрирано е зголемување во откривањето за 38%, а кај деликтите со шверц на дрога зголемувањето е за 31%. Во областа на јавниот ред и мир годинава СВР Штип бележи намалување од околу 10% по сите параметри, додека за одбележување се реализираните 2.100 превентивни активности на различни теми од сите области на територијата на овој сектор”, истакна министерот Спасовски на средбата во СВР Штип.
Share This Article