Спасовски на средба со раководството на РЦ Север: Зголемен проток на патници на северната граница за 14,4%, намалување на обидите за илегална миграција за 40,8%, зголемена ефикасност за 66,7% при откривање на криумчарење мигранти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска (11.12.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на СВР Куманово, оствари средба и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Север, чиешто седиште е во Куманово, а со цел брифирање за резултатите од постапувањата на полициските службеници од оваа организациска единица.
„Што се однесува до активностите на Регионалниот центар за гранични работи Север, во периодот јануари – ноември 2023 година, протокот на патници изнесува околу 13 милиони лица, што претставува тренд на зголемување во однос на лани за 14,4 %, а најфреквентни гранични премини се Табановце и Долно Блаце. Во однос на кривичните дела, Регионалниот центар за гранични работи Север во изминатиот период бележи зголемување на откриените кривични дела во врска со фалсификувани документи за 19%, меѓу кои 10 случаи на фалсификувано возило, како и 15 кои се предмет на потрага по барање на Интерпол”, истакна министерот Спасовски. Притоа, тој сподели статистика во врска со движењата на илегална миграција.

„Генералниот тренд на намалување на притисокот на нелегалната миграција се забележува и на северната граница, каде имаме намалување на обидите за 40,8%, а имаме зголемување на ефикасноста во врска со откриените случаи на криумчарење на мигранти за 66,7%. Во однос на лани се бележи тренд на зголемување на откриената и одземена дрвна маса која потекнува од нелегална сеча на дрва за 10,4%, со одземени над 100 кубици огревно дрво, но и генерално зголемување на откриените случаи на прекуграничен криминал за 4,5%”, рече Спасовски.
Во врска со прекуграничната соработка помеѓу органите на нашата граничната полиција со колегите од Р.Србија и Р.Косово, министерот Спасовски истакна дека таа е согласно договорената динамика, при што во изминатиот период биле реализирани 191 заедничка патрола.

Share This Article