Денеска, министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателот на Советот на амбасадори со седиште во Скопје, Мухамед Халили и членови на Здружението на Советот на амбасадори.
Халили упати благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба информирајќи го околу активностите на Здружението на Совет на амбасадори, кое претставува доброволно и невладино здружение на граѓани формирано со слободно здружување на дипломатите. Здружението помага преку советодавни и други форми на дејствување во креирање и остварување на политики од областа на надворешната и меѓународна политика вклучително НАТО и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија. Тој побара од министерот Спасовски поддршка и заедничка соработка околу идните проекти кои ќе бидат предложени од нивна страна.
Спасовски ги поздрави членовите на Здружението и упати уверување за поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија поврзано со идните планови и проекти во делот на безбедноста.