На први октомври сите вработени во Министерството за внатрешни работи ќе имаат плата зголемена за 10 отсто и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10.000 денари, истакна mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот профил на Фејсбук.
„Секогаш кога верувате во една иста цел мора да дојдете до решенија. Едно или друго мора да биде решението кое ќе биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи“, напиша Спасовски.
Тој нагласува дека низ дијалог дошле до решенија во интерес на членовите на полицискиот синдикат и на сите вработени на МВР.