More

    Спасовски: Ја добивме најголемата и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот – директна потврда за поддршката што ја имаме во пристапните преговори со ЕУ

    spot_img

    Денеска, (25.10.2023) во кругот на МВР свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, капитален проект со ИПА средства од пристапната помош на Европската Унија.
    На настанот свое обраќање имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

    „За прв пат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија, на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат корисна алатка на полицијата и правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена откривачка дејност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европски практики и стандарди. Градиме институции во Северна Македонија како земја членка на НАТО, земја на патот кон Европската Унија, да бидат подготвени соодветно да одговорат на предзивиците кои ги наметнуваат геополитичките случувања. Безбедносните предизвици, криминалот, корупцијата, не се разликуваат од оние со кои се соочуваат полициите во регионот, во Европа, затоа на врвот на приоритети на Владата е да ја развиваме и унапредуваме полициската служба”, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

    „Во тек на долгогодишниот развоен процес, македонските форензички лаборатории постојано се модернизираат, а се имплементираат и меѓународни стандарди од областа на форензичкото работење. Во тој контекст, вреди да се напомене дека Одделот за форензички испитувања е акредитиран согласнос барањата на меѓународниот стандард ISO 17025 за компетентно, непристрасно и доследно работење на лабораториите. Паралелно со опремувањето на форензичките лаборатории со современа опрема, зголеменото потпирање на научни докази бараше и соодветни просторни капацитети за целосно практично ефектуирање на надлежностите на лабораториите. Тоа е диктирано и од зголемување на обемот на работа во лабораториите, а во исто време и од воведувањето лабораториски операции кои се со зголемена сензитивност и прецизност”, рече министерот Спасовски. Притоа, тој истакна дека објектот е изграден со средства од ЕУ Националната ИПА програма.

    „Целта на овој проект беше изградба на нова зграда за потребите на Одделот за форензички испитувања, со потребните лаборатории, опремени со електронска контрола на пристап, специјални огноотпорни врати, аларми и апарати за гаснење пожар, видео надзор, заштитени прозорци, соодветен систем за вентилација, како и соодветни простории за складирање. Со новите простории се обезбедува доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што се утврдуваат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека ова е уште една алка во низата проекти кои се имплементираат во соработка со Европската Унија, а потсети и на 80 реконструкции на објектите на МВР на територијата на целата држава.

    Министерот Спасовски, изразувајќи благодарност до Европската Унија за сесрдната поддршка во изградбата на објектот потенцираше дека изградбата на новиот објект за форензички испитувања претставува значајна капитална инвестиција за иднината на македонската форензика и ја покажува одлучноста на Владата и МВР во борбата против криминалот. „На мое огромно задоволство денеска можам да кажам дека ја добивме најголемата и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот. Овој влог е директна потврда за поддршката која ја имаме во пристапните преговори, што претставува дополнителен мотив цврсто да опстоиме на нашите интенции за интеграција во Европската Унија”, рече министерот Спасовски, посакувајќи успех на вработените во Одделот за форензички испитувања го секојдневното работење.

    Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во своето поздравно обраќање рече дека ЕУ постави минимални стандарди за форензичките практики во сите земји-членки, стандарди кои се очекува да бидат имплементирани и од идните членки.

    „Овој проект има за цел да го постигне токму тоа. ЕУ обезбеди специјализирана форензичка опрема и ја финансираше изградбата на зградата во која е сместен овој Оддел, во вредност од 3,6 милиони евра. Овој проект е само дел од големата помош на ЕУ за полициските реформи. Што е една од најпредизвикувачките задачи што една влада може да ги преземе на патот кон интеграцијата во ЕУ. И тоа е дел од реформата на владеењето на правото – напредокот на кој ќе го одреди темпото на пристапување”, истакна амбасадорот Гир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img