More

    Спасена е жена која три дена седела заглавена во автомобил со мртвото тело на својата снаа откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија

    spot_img

    Спасена е жена која три дена седела заглавена во автомобил со мртвото тело на својата снаа откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

    Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната провинција Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

    По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба.

    Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211, а 208 од нив се од Валенсија.

    И натаму траат потрагите по повеќе стотици лица кои сè уште се водат како исчезнати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img