„Совршен напад“, вели екс-шефица на Мосад

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Експлозивот „ПЕТН“ бил користен од Израел во батериите на пејџерите кои експлодираа во координиран напад во Либан, а за таа цел биле шверцувани маскирани бомби, пишува „Њујорк Тајмс“. Според весникот, пејџерите биле испратени во Либан преку тајванскиот посредник „Голд Аполо“, но самите пејџери биле произведени во Израел.

Фирмата B.A.C. Консалтинг во Будимпешта, пак, за која во првичните извештаи се тврдеше дека била производител, била регистрирана заедно со уште две за пејџерите да се инфилтрираат во синџирот на снабдување на милитантната група Хезболах од Либан.

Испораките започнале во летото 2022 година, пишува весникот, тие биле во мал број, но брзо нараснале по февруари, кога лидерот на милитантната група Хезболах, Хасан Насралах, ја натерал организацијата да се откаже од мобилните телефони.

„За Хезболах, пејџерите биле одбранбена мерка, но во Израел, разузнавачите ги нарекуваа пејџерите како „копчиња“ што може да се притиснат кога ќе дојде време“, пишува весникот.

Нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери „успеа совршено“, рече Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад.

Шајн изјави за „Скај Њуз“ дека детонацијата на пејџерот била „комбинација од три елементи кои функционирале совршено“.

Тие елементи, според неа, се „разузнавањето, технологијата и оперативните способности“.

„Комбинацијата на тие три фактори ја направи оваа операција успешна“.

Таа тврди дека операцијата била „насочена кон оперативци на Хезболах, а не кон цивили“.

- Advertisement -
Ad image

„Мислам дека кога ќе го погледнете големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека цел биле само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаи на смрт на деца, но тоа не беше целта“.

Главната причина за нападот беше да се осигура дека голем број членови на Хезболах „нема да можат да учествуваат во борбата и ќе бидат зафатени околу помагањето на повредените“, додаде таа.

Таа покрена и „големо прашање“ зошто е повреден иранскиот амбасадор.

- Advertisement -
Ad image

„Се поставува прашањето зошто амбасадорот на една земја е вклучен во мрежата на терористичка организација во Либан“, заклучи таа.

Претходните извештаи на неколку медиуми сугерираа дека израелската влада ги поставила бомбите како подготовка за голема војна со Хезболах, но одлучила да ги активира рано поради загриженост дека заговорот може да биде разоткриен.

Share This Article