More

    Советот за безбедност на ОН бара технологијата да се држи под контрола

    spot_img

    Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола.

    – Очигледно е дека вештачката интелигенција ќе остави влијание врз сите аспекти од нашиот живот, изјави Гутереш  на седница на Советот за безбедност на ОН посветена на оваа тема.

    Гутереш истакна дека ВИ може да помогне во запирање на сиромаштијата или да го излечи ракот. Но, технологиите поврзани со неа може да имаат „мошне сериозни последици за глобалниот мир и безбедноста“.

    Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли, смета дека вештачката интелигенција може да ја засили или наруши глобалната стратешка стабилност.

    – Таа е предизвик на нашите фундаментални претпоставки за одбрана и задржување. Таа става морални прашања за одговорноста за смртоносните одлуки на военото поле, изјави Клеверли.

    Велика Британија моментално претседава со ротирачкиот Совет за безбедност. Кон крајот на годината таму се одржува самит за ВИ.

    Гутереш се обрати до членките на ОН со молба до крајот на 2026 година да разработат правна обврзувачка рамка за „забрана на смртоносните автономни вооружени системи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img