Советот на општина Дебрца денес ја одржа редовната 26-та седница.
Советот ја констатира оставката на претседателот Илчо Алексоски, кој од лични причини поднесе оставка на функцијата претседател на советот на општина Дебрца.
За нов претседател на советот со 6 гласа “за” и 5 гласа “воздржан” избран е Никола Короскоски, советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Советот на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот на општината за 2023 година, кварталниот извештај за остварувањето на Буџетот на општината за периодот од 01.01.- 30.09.2023 година, како и 12 годишни програми за 2024 година од негова надлежност.