More

    Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на Љупчо Коцевски

    spot_img

    Членовите на Советот на јавни обвинители со одлука денеска го потврдија решението на државниот  јавен обвинител Љупчо Коцевски за суспензија на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи додека трае кривичната постапка протов него. Советот ја одби жалбата на Хајрулахи како неоснована.

    Одлуката е донесена со седум гласа „за“ и еден „против“, а јавноста беше исклучена од расправата поради заштита на интегритетот на обвинителот.

    – Се потврдува одлуката со која вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, се оддалечува од вршење на функцијата јавен обвинител за време додека трае кривичната постапка – рече денеска претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.

    Членот на Советот Кети Петкова, пак, смета дека одлуката треба да се преиначи, бидејќи според неа републичкиот обвинител Коцевски со решението за суспендирање на Хајрулахи го крши Законот за јавно обвинителство.

    – Републичкиот обвинител во крши Законот за јавно обвинителство и задира директно во правата и самостојноста на јавните обвинители. Од формален аспект, постоењето и водењето на кривична постапка значи суспендирање на обвинителот против кого се води постапката, меѓутоа, Советот, освен со формалниот аспект, треба да се занимава и со дејствијата што ѝ претходат на постапката. Недопустливо е повод за суспензија да биде кривична пријава за мобинг – рече Петкова.

    Шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, минатата недела откако беше суспендиран од функцијата обвини дека кривичната пријава поднесена против него е со тенденција тој да биде отстранет од функцијата и замолчан. Целта е, рече тој, да се заплашат и другите колеги што постапуваат согласно законот, а со цел да се донесат нарачани одлуки. Тој го обвини републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши брутален притисок, со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство, односно да ја потврди одлуката на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција за одбивање на кривичната пријава што ја поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ.

    Одлуката за суспендирање на Хајрулахи дојде откако Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за сторено продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, како и за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img