Советот на Град Скопје итно да се справи со загадениот воздух

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советничката група на СДСМ и коалицијата бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот со загадениот воздух, кој во главниот град е на алармантно високо ниво, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Факт е дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем. Но, СДСМ е одговорна партија и за нас, граѓаните се на прво место.

Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата на вонредна седница ќе ги предложи следниве мерки:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна промена на распоред на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

- Advertisement -
Ad image

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

– СДСМ се сомнева дека инспекторите не смеат да постапуваат без усна согласност на секретарот на Град Скопје, доколку е така, тоа мора да престане веднаш 0 рече Јанчева.

Таа додаде дека Скопје деновиве е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, што директно влијае врз здравјето на луѓето.

- Advertisement -
Ad image

– Аерозагадувањето е најголемиот причинител на зголемен број на заболувања кај луѓето и за предвремена смртност. Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и на ДПМНЕ за граѓаните на Скопје. Ова е резултатот од нивните кавги за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направија ништо. За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска – обвини Јанчева.

Share This Article