Советот на Град Скопје доцна синоќа го изгласа буџетот за 2023 година „тежок“ 115 милиони евра

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со 28 гласови „за“, 8 „воздржани“ и ниту еден „против“, Советот на Град Скопје доцна синоќа го изгласа буџетот за 2023 година „тежок“ 115 милиони евра во кој според градоначалничката Арсовска има пари за програмата „За Модерно Скопје“.

Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. На донесувањето му претходеа расправи по голем број амандмани поднедени од ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ со кои се бараа средства за улици, монтажни паркиралишта, за социјално ранливите категории, за спортот, културата.

– Градот Скопје за наредната година донесе развоен буџет, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“. Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза – информираа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека за следната година, благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, за следната 2023 година граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк.

Градоначалничката, Данела Арсовска, пак на присутните советници од говорницата им порача дека буџетот е лимитиран поради енергетската и економската криза и изрази благодарност до советниците од Левица, ЛДП и ДУИ кои одлучиле да не поднесат амандмани на предложениот буџет. На советниците од ВМРО – ДПМНЕ и рече дека не се конструктивни и сакаат да го блокирате буџетот со несериозни амандмани. Тие предложија амандман за реконструкција и изградба на улици во скопските општини за кои, пресметале дека потребни се 35 милиони денари. Според Арсовска пак за да се реализира овој амандман потребни се милиони евра.

Share This Article