Советниците побараа Славески да ја донесе градоначалничката на седница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Деветтата вонредна седница на Советот на Град Скопје уште не започната беше прекината, бидејќи во салата ја нема градоначалничката Данела Арсовска која е предлагач. Советниците побараа од претседателот на Советот Трајко Славески да се обезбеди нејзино присуство.

Пред да се гласа оправданоста за свикувањето на седницата која има една точка на дневниот ред, а тоа е обезбедување средства за помош на ЈСП „Скопје“, предложена токму од Арсовска, процедурално говореше координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

– Во оваа сала гледам дека ревносно пристигнале сите колеги советници, но ја нема индивидуата која ја побара оваа седница, градоначалничката Арсовска да ни објасни зошто оваа седница мора да се случи токму сега и која е оправданоста на итноста. Таа треба да ни објасни зошто е тоа така, но Арсовска повторно ја нема – рече Андоновска.

Советничката истакна дека градоначалничката Арсовска со месеци не доаѓа да одговори на советничките прашања и прашува како таа смета дека ќе раководи со овој град без да доаѓа и да ги соочи аргументите со советниците.

– Овој Совет во многу наврати му помагаше на ЈСП. Советот бара информации за што се трошат парите на граѓаните и за ситуацијата во која се наоѓа јавното претпријатие. Ние расправаме за финансиски средства кои не се наши, ниту на Арсовска, туку на граѓаните, па поради тоа таа мора да ни објасни – вели Андоновска.

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Советот, Трајко Славески да обезбеди присуство на градоначалничката Арсовска на оваа седница и побараа пауза од 15 минути.

Share This Article